Груевски го запознавал Лопатка со политичката состојба

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Виена, Австрија оствари средба со шефот на парламентарната група на владеачката партија и поранешен секретар во министерство за надворешни работи на Австрија, Рајхолд Лопатка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

-На средбата Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување. Груевски посочи дека најбрз и најефикасен начин за излез од кризата е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори каде што народот ќе одлучи за иднината на државата.

Груевски рекол дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во парламентот ги користеле сите деловнички законски можности за искажување на своите позиции и ставови низ законска парламентарна дебата.

Поврзани новости