Груевски го предупреди Рама дека Тиранската платформа нема да придонесе за пријателството

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама.

На средбата се разговарало за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија.

Груевски посочил дека е за отворена соработка со Република Албанија базирана на принципиелна основа.

-Во таа насока не помагаат различните документи како што е Тиранската Платформа која, како по формата во која беше промовирана, така и во својата суштина нема да допринесе за развивање на пријателство базирано на искрени основи меѓу двете држави, и може да има негативен ефект во однос на меѓусебниот соживот во Република Македонија, истакнал Груевски.

Било истакнато дека е добредојдена поддршката на Република Албанија за интеграција во НАТО алијансата и дека постојат заеднички предизвици за напредок на патот кон Европската Унија.

Груевски истакнал дека добрите односи меѓу двете држави кои треба да се развиваат ќе придонесат за релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот.

Поврзани новости