Груевски го доби мандатот од Иванов, за СДСМ изборите биле криминални

by Фокус 17:40
17:40

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го врачи мандатот за состав на Владата Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, која освои најмногу пратенички места на вонредните парламентарни избори.

Мандатарот сега има рок 20 дена на Собранието да му поднесе програма и да му го предложи  составот на Владата, а новиот кабинет на Груевски треба да биде составен најдоцна до 16. јуни 2014 година.

- Advertising -

По повод мандатот СДСМ реагираше дека избраниот на криминален начин Ѓорге Иванов, му врачил мандат за правење Влада на креаторот на криминалните избори Никола Груевски.

„Влада во Македонија ќе прави човекот за кого постојат и докази дека учествувал во милионска, криминално корупциска афера, лично Никола Груевски“, стои во соопштението на опозициската пртија.

Криминалците во раководството на СДСМ вмешани во случаи на сомнителни криминогено однесување, Зоран Заев – аболициран за криминал од над 8 милиони евра и Радмила Шекеринска фатена со ненормално високи суми за кирии, продолжуваат да ја потценуваат јавноста и се обидуваат да ја убедат во нешто што и нивните членови не веруваат, реагираше, пак, ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Груевски потсетувајќи дека СДСМ изгубиле со разлика од 200.000 гласови смета дека опозицијата одработува за други фактори и продолжува да креира проблеми што ќе бидат добредојдени за сите оние кои што не и мислат добро на Македонија.

Поврзани новости