Груевски: Ги притиснаа медиумите да покажуваат розова слика

by fokus

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека новата власт ги притиснала медиумите за да покажуваат розова слика за нивното владеење.

Зборуваше и дека новата власт им врши притисок на судиите.

-Директно одење против волјата на народот. Не ја следеа волјата на народот. Е ќе видиме на 15 октомври што народот ќе каже на тоа. Ги сменија сите кадри, ама барем да најдеа еднакво добри на претходните. Ставаа кадри што знаат да фарбаат. На место каде што треба кадар со машински, ставаа со економски факултет, рече Груевски.

Поврзани новости