Груевски ги повика струмичани да одат на „проверено“

by Фокус 11:19
11:19

Груевски истакна дека во програмата која им ја нуди на граѓаните предвидени се нови 100 милиони евра за компаниите со субвенционирана камата, изградба на експресен пат од Штип до Радовиш, инвестициски проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште низ цела Македонија, засилени вложувања за проширување и рехабилитација на постојните хидро системи, за да се реши еден од  најгорливите проблеми на земјоделците, а тоа е наводнувањето.

-Направивме десет годишен план и секоја година утврдивме колкав буџет ќе ни треба за десет години, не само да ја обновиме и рехабилитираме мрежата за наводнување, туку да градиме и нови мрежи како примарна така и секундарна и терцијална мрежа за наводнување, рече Груевски.

- Advertisements -

Министерот Зоран Ставрески, пак, на жителите на струмичко Босилево им вети дека идната година ќе го донесе фудбалскиот гигант Челзи, за да си ги измери силите со македонскиот прволигаш Турново.

Поврзани новости