Груевски: Фантомски гласачи немало и ќе нема, тоа е обична лакрдија на СДСМ

by Фокус 22:01
22:01

СДСМ се пред пораз. Покрај толку валкани работи за да дојдат на власт сфатија дека се прочитани, и дека ќе бидат поразени како во 2014 година, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното интервју на телевизија Сител. Според него, перцепцијата што сакаат да ја создадат СДСМ со избирачкиот список е хаотична колку што се и самите во бројките.

– Сакаат да создадат алиби, дека кој знае што се случува со списокот. Имаа 5 претседатели на ДИК кои немаа никаков проблем со тоа. Нивните членови го тероризираат ДИК со разни закани, дека ќе го напуштат, за да издејствуваат поголема бројка на граѓани кои ќе бидат проверени. Ако реално треба 10.000 да се проверат, тие гледаат да бидат 100.000 или 500.000, ако може пак да ги одложат изборите, или ако одат на избори да им биде алиби дека имало 500.000 фантомски гласови. Ова многу ќе ги чини, ќе ги збудалат луѓето.Тоа се чесни луѓе кои гласаат согласно закон. Фантомски гласачи, немало, нема и ќе нема. Ова е најобична лакрдија на СДСМ. Ова е битка за оправдување на поразот – вели Груевски.

- Advertising -

 

Поврзани новости