Груевски дојде во Апелација, судот ќе ги разгледува жалбите за случајот „Титаник“

by Fokus

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дојде во Апелациониот суд, каде на јавна седница треба да се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“.

Груевски во судот се појави со неговите адвокати Боро Тасевски, Сања Алексиќ, Петар Василев и Димитар Дангов

Во Судот денеска се очекува да се појават и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, сите обвинети во овој случај за изборни нерегуларности.

Поврзани новости