Груевски денеска ќе промовира сѐ што е ново во охридско

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети Охрид и околината и во рамките на ова патување ќе присуствува на промоцијата на реконструираниот локален пат од Горно до Долно Лакочереј.

Понатаму тој ќе го посети новиот и модерен кеј во Пештани, а ќе најде време и за промоцијата на фасади на три објекти кај Стариот чинар во центарот на Охрид.

Премиерот ќе ја искористи оваа прилика да види како се одвива градењето на Св.Климентовиот универзитет.

Поврзани новости