Груевски: Дајте ни уште 10 години и ќе вработиме уште 150 илјади граѓани

by Fokus

Во претходната декада наследивме 560 илјади вработени луѓе, а оставивме 733 илјади вработени, а во наредната декада ќе има уште 150 илјади нови работни места за граѓаните, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вчерашниот митинг во скоспки Аеродром.

– Уште само неколку дена не делат од изборите на 15 октомври. Ова не се само обични локални избори. Вашата одлука е многу важна. Ова е одлука за тоа каква иднина ќе има нашата држава и каква иднина ќе имаат вашите деца, за нашата заедничка држава – рече Груевски.

Поврзани новости