Груевски: Да беше Делчев жив, ќе му го пратеше Ќосето на Заев за да заврши со него

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вчерашниот митинг во Делчево му порача на Зоран Заев дека ако живеел во времето на Гоце Делчев, ќе му го прателе ликвидаторот Ќосето за да „ја заврши приказната“ со него.

-И тој дојде овде во Делчево и зборува, да станел Гоце Делчев, што ќе кажел за нас како Влада, која што изгради толку многу работи, која што привлече толку многу инвеститори, која даде толку многу енергија, сила, помош на земјоделците во Македонија и редица други работи. Тој најде да го цитира Делчев. Јас ќе му кажам. Да беше Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек, рече Груевски.

Андон Ќосето бил еден од најпознатите терористи на ВМРО во првите години по нејзиното формирање. Бил познат по ликвидациите што ги правел врз соселаните кои ги сметал за предавници, но и по убиството на својот брат.

 

Поврзани новости