Груби: Зеленото копче пред нас е за сите што ја сакаат Македонија, денес навистина се раѓа тоа ново сонце на слободата

by fokus

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби пред пратениците говореше зошто треба да се ратификува договорот со Грција.

-Животот те учи дека одлуките треба да ги донесеш во вистинските време, не доцна, туку точно на време. Денес е време за најбитната одлука за нашата заедничка иднина. Денешната одлука ни овозможува иднина на нас и на генерациите по нас – ни носи датум за преговори со ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО, рече Груби.

Тој вели, каде што се сите таму и ние припаѓаме и додаде дека денеска се чувствува како горд граѓанин на Република Македонија.

-Три копчиња пред вас, зеленото е за сите оние што ја сакаат Македонија, тоа го правиме за нашите деца, за иднината, не за да не пишува во учебниците по историја. Црвеното и жолтото, но и бегањето од одговорност е непрмиерно да го покриваш лицето со маска кога се крои иднината на твојата земја. Секој од нас ќе го памети овој ден, тие што не се тука треба да се прашаат дали преземале одговорност кон иднината, кон Брисел или избегале криејќи се кон неодлучноста. Денес навистина се раѓа тоа новото сонце на слободата, правичното сонце на еднаквоста, рече пратеникот Артан Груби.

Поврзани новости