Груби: Во Крушево одекна албанска песна и немаше двоумење за тоа

by Fokus

На денешната трибина по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, истакна дека именувањето на неколку улици е еден сензитивен успех како и многуте други успеси што го носат печатот на Охридскиот договор. Тој побара од Институтот, Охридскиот договор да се третира како културно богатство и да се направи детална научна студија, со споредување на тоа каде сме биле и каде сме денеска.

„Како и по 20 години, на нашата јавност ќе ѝ го претставиме авторот на Охридскиот рамковен договор, кој е еден наш одличен пријател од САД, како и многу наши пријатели од ЕУ, САД, ОБСЕ. Дваесет години не се далеку. Застанете и само споредете, како бевте вие заедно со нас пред 20 години и како сме денеска. Во Влада, Собрание зборуваме албански. Недалеку од вчера на одбележувањето на Илинден одекна албанското оро и песна на сред Крушево и немаше двоумење од ниту еден учесник за такво достоинствено претставување на албанската култура”, подвлече Груби.

Поврзани новости