Груби: Свесни сме дека кандидат Албанец не може да победи само со поддршката од албанските партии

by fokus

Свесни сме дека не може да победи кандидат Албанец само со поддршка од албанските партии. Победа може да донесе заеднички кандидат на двете најголеми заедници во земјава, рече пратеникот, Артан Груби, по вчерашниот Централен совет на ДУИ каде официјално беше потврдена поддршката за Стево Пендаровски како претседателски кандидат.

Како што рече Груби поради ова ДУИ не ја поддржала кандидатурата на Блерим Река, зад која застанаа Алијанса за Албанците и БЕСА.

„Господинот Ахмети истакна дека тој самиот и ДУИ не постапуваат според дневни политички стандарди туку со стратегија, цел и долгорочна визија, рационално и без популизам, во корист на заедницата која ја претставува и во корист на сите граѓани“, изјави Груби, пренесе ТВ21.

На вчерашното заседавање на Централниот совет на ДУИ донесена е одлука изборниот штаб на партијата да го раководи потпретседателот Изет Меџити.

Поврзани новости