Груби: Со пожарите се соочивме одговорно, не е разговарано за разрешување на првите луѓе во ЦУК

by fokus

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска изјави дека не е разговарано за разрешување на првите луѓе на Центарот за управување со кризи (ЦУК), затоа што сметаат дека со сите околности околу пожарите се соочиле одговорно. Сепак, како што рече, Владата ќе одржи седница, на која ќе се дебатира и за ова прашање.

-Сметаме дека со сите околности се соочивме доста одговорно и за среќа немаме ниту една жртва за разлика од земјите во регионот. Секако дека секогаш може многу подобро. Не сме зборувале за разрешување, но не сакам да прејудицирам, затоа што имаме сега седница на Влада и секако дека ќе се дебатира во однос на ова прашање, рече Груби на денешната прес-конференција по повод промоција на поштенска марка за 20 години од Охридскиот договор, во одговор на новинарско прашање.

Тој посочи дека останува забраната за движење во шумите и испрати апел до граѓаните да бидат многу внимателни во следниот период.

Поврзани новости