Груби со фотографии: Милошоски учествувал на протест каде се повикувало на гасна комора за Албанците

by fokus 14:10
14:10

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на прес конференција во Собранието за време на расправата за Законот за јазици, приложи фотографии од студентски протести во 1997 година против албанскиот јазик, на кои се гледа присуството и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Според Груби на овие протести се повивкувало на гасна комора за Албанците, а демонстрантите извикувале „Мртов шиптар, добар шиптар“.

Според Груби, истиот тој Милошоски сега се декларира како голем демократ.

–Сега во Собранието пред пратениците и јавноста се декларира како демократ. Криејќи се под пратеничкиот имунитет, ја користи собраниската говорница, да говори лаги и невистини против ДУИ, само поради тоа што на 29-ти јануари ДУИ одлучи да не коалицира со неговата партија – рече Груби.

- Advertising -

Обвинувањата на Груби следат откако Милошоски за време на расправата во парламентот рече дека против двајца градоначалници на ДУИ, еден поранешен и еден сегашен, се водат истражни постапки за злоупотреби и криминал.

Поврзани новости