Груби: Се раѓа ново сонце на еднаквоста и слободата

by fokus

Лани на 11 декември, но и годинава на 15 октомври во Македонија, навистина се роди ново сонце, сонце на слободата, но јас, и сите ние сме решени тоа сонце да биде сонце на еднаквоста, сонце на одговорноста, сонце на ЕвроАтлантска Македонија, порача претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, учествуваше  на вчерашното отворање на Првата  пленарна конференција  на Националната  конвенција  за Европската унија во Република Македонија.

-Ова сонце што ја разбуди јавноста, заедно со постојаната помош од нашите искрени пријатели и подржувачи во Вашингтон и Брисел, треба целосно да го искористиме преку примена на реална и прагматична политика кон соседите и кон процесот на пристапување. Македонија, и сите ние, добивме втора шанса и треба да ја искористиме на тој начин што мора да се воспостават демократски институции што ќе го гарантираат владеење на правото, независноста на институциите, одговорноста и еднаквоста на сите пред словото на законот – истакна Груби.

Додаде дека се надева на конечно отворање и забрзување на пристапниот процес во евроаталнаската интеграција, како и отклучување на бравата од вратите на новото седиште на НАТО за Македонија.

– Промените кои што нашите граѓани ги бараат, промените кои што нашите партнери ги очекуваат и промените кои што ние сме ги ветиле и треба денес да ги испорачаме, треба да ги вклучат сите интересни групи преку отворање дебата за сите прашања со сите клучни актери. Тоа е единствениот начин не само за унапредување на владеењето на правото и за градење сопствена визија за тоа каква земја членка сака да биде Република Македонија, туку и за постигнување на оддржливи и општоприфатливи решенија – посочи Груби.

Националната  конвенција  за Европската унија во Република Македонија, е двегодишен проект  за зајакнување на  демократијата и демократските институции во Македонија на патот кон ЕУ членство, во организација на  Европското движење на Република Македонија, а поддржан од  Владата на Република  Словачка и Владата на САД.

Поврзани новости