Груби: Сакаме Македонија да е цела

by fokus

Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ДУИ не е ниту за федерализација, ниту за кантонизација, ниту за поделба на Македонија, туку сакаат Македонија да е цела и го почитуваат унитарниот карактер и уставниот поредок.

Што се однесува до државните симболи, Груби рече дека ДУИ не бара промена на државното знаме, но смета дека во државната химна и грб Албанците не се застапени и бараат дебата за тоа.

На ова, Дамјан Манчевски од СДСМ рече дека дебата никој не може да забрани, но дека тој и СДСМ се против промена на било кој државен симбол.

Поврзани новости