Груби: Разновидноста беше извор на конфликт, а со Охридскиот договор стана извор на кохезија

by fokus

Разновидноста, без разлика дали е културна, етничка или верска, во
повеќето случаи може да биде извор на конфликт помеѓу групите од интерес или припадност, без разлика дали се Македонци или Албанци, муслимани и христијани или друга вероисповед, без разлика дали се со политичките партии. Различноста има две крајности и можности, првата може да биде извор на конфликт, а втората извор на кохезија, истакна денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на панел дискусијата на тема „Културата 20 години по Охридскиот договор”, во рамките на одбележувањето на 20 – годишнината од Охридскиот договор.

Според него, токму тоа го направи Охридскиот договор со трансформирање од извор на конфликт во извор на социјална кохезија преку обезбедување еднаквост меѓу заедниците, еднаквост на сите граѓани пред законот, но и во обврските пред државата.

Како што пренесуваат од кабинетот на вицепремиерот, на дискусијата тој истанал дека се преземаат бројни активности во текот на овие денови за одбележување на 20 – годишнината од Охридскиот договор, допирајќи ги сите важни аспекти опфатени со овој Мировен договор со кој заврши конфликтот во 2001 година, за да отвори различни хоризонти за сите заедници во оваа земја, но и за земјата како резултат на спроведувањето на Охридскиот договор.

– Сега, кога пристапуваме до сите архиви, гледаме дека евроатлантската перспектива на земјата е загарантирана токму со спроведувањето на Охридскиот договор и добивањето статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на нашата земја е директен резултат на спроведувањето на Охридскиот договор, во декември 2005 година, истакнал Груби.

Како што кажал, тоа можеме да го видиме во културата, бидејќи, според него, е еден од клучните столбови на Охридскиот договор, вклучувајќи ја и децентрализацијата и користењето на симболи и јазик, како и правична и соодветна застапеност во институциите на земјата.

– Денес, за разлика од пред 20 години и 10 години пред тоа од 1991 до 2001 година, гледаме многу институции што беа формирани како резултат на Охридскиот договор, вклучувајќи ги Тетовскиот, Гостиварскиот, Кумановскиот театар, вклучително и Театарот за деца и млади во Старата скопска чаршија и Албанскиот театар, познат и како Театар на народностите, но и многу други институции од областа на културата кои се директен резултат на Охридскиот договор, како што е Институтот за културно наследство во Скопје, кажал вицепремиерот.

Дополнил дека спроведувањето на Охридскиот договор не застана тука, продолжи да промовира кадар кој ќе може да ги води овие институции и ќе демонстрира културна кохезија на заедниците.

Поврзани новости