Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања на земјата

by fokus

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска упати честитка по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.

-Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно почна да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја, посочува Груби во честитиката.

Денес, како што потенцира Груби, сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија.

Според него, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.

Поврзани новости