Груби: Научивме да сакаме, чуваме и одржуваме совршено еднакво општество!

by Fokus 12:21
12:21

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу
заедниците, Артан Груби, по повод одбележувањето на 8 Септември, на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Република Северна Македонија.

-За време на 29-годишното патешествие на градењето држава и државната консолидација, заедно научивме дека да се сака и одржува мирот, слободата, независноста, стабилноста, економскиот и социјалниот развој на оваа наша заедничка држава значи да сакаме, чуваме и одржуваме совршено еднакво општество на граѓани, вели Груби.

- Advertising -

На денот на независноста на Република Северна Македонија, Груби ги потсети граѓаните дека целосната еднаквост меѓу заедниците во правата, можностите, одговорностите и обврските е основата врз која ќе ја градиме и опстоиме нашата европска иднина, бидејќи целосната еднаквост е духот на слободата и независноста.

Поврзани новости