Груби му понуди соработка на Зибери

by fokus

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу
заедниците, Артан Груби, денеска во неговиот кабинет го пречека Насер Зибери.

Кандидатот на ДУИ за премиер, Зибери, му ја честиташе на
Груби новата функција. Тој, исто така за време на оваа средба истакна дека е отворен за соработка и дека целото свое знаење ќе го стави на располагање на функционирањето на новото министерство и евро-атлантската перспектива на земјата.

Од кабинетот на Груби велат дека тој му се заблагодарил на подршката, порачувајќи му дека е спремен за идеи и препораки од него, поканувајќи го да стане активен дел од структурирањето.

Груби, додаваат од кабинетот, за време на оваа средба исто така рекол дека секое искуство произлезено од интелектуалец како што е Зибери е добредојдено.

– Зибери беше главниот лик кој за време на последните парламентарни избори и докажа дека еднаквоста во Република Северна Македонија не повредува никого, туку напротив помага да се создаде здрава демократија што и е потребна на земјата за да стане членка на Европската унија, рече Груби.

Поврзани новости