Груби: Ќе коалицираме со СДСМ под еден услов

by fokus

Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби во интервју за Алсат М, изјави дека се отворени за  коалиција со СДСМ, само ако партијата ја прифати заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик.

-Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.- изјави Груби.

Од СДСМ и понатаму немаат став за платформата.

Поврзани новости