Груби и Османи беа последните војници на Груевски, вели Меџити

by fokus

Впечатокот на членството е дека Артан Груби функционира како клан, и Ахмети е како заштитник на тој клан, вели потпреседателот на ДУИ и пратеник во Собранието, Изет Меџити во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети повторно да биде претседател на сите во партијата, а не да фаќа страна.

Според него, Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи биле последните војници на поранешниот премиер, Никола Груевски.

-Во принцип мора да кажеме и во некои случаи да спомнеме некои имиња. Првиот е Артан Груби. Владиниот состав на ДУИ, со некој исклучок ниту излезе на терен да собира гласови во 2020, ниту имаат поминато да земат мандат од народот, исто така овој владин состав не е поминат на централно собрание во Демократската унија за интеграција, значи немаат мандат од граѓаните, немаат мандат од партијата.

Ние за атер на Али Ахмети, нашиот претседател премолчавме овие две години…Проблемот е во тоа што во овие две години наместо (Артан Груби н.з.) да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество.

Чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа Влада, а заборава на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, рече Меџити.

Вчера Ахмети заедно со Талат Џафери и Артан Груби беа во гостиварско Чегране на средби со граѓаните, а „Огнената група“ пак беше во Битола.

Од таму Ахмети кажа дека се трудел да биде еднаков со сите и деа не сака ултиматуми.

-Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант, или водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите…. Не може да ми се наметне ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот и јас ги спроведувам тие одлуки и одговарам на конгресот, рече Ахмети.

Поврзани новости