Груби го разреши советникот Касапи, кој неодамна бил фатен со дрога

by Фокус

Шпат Касапи денеска е разрешен од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, откако пред еден месец беше приведен поради поседување дрога.

Груби за „360 степени“ изјавил дека разрешувањето на советникот била првата работа што ја направил утринава.

-Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес – рекол тој.

Инаку, Касапи е познат пејач, инаку син на прaтeничката Ѓулемсер Касапи.

Пред еден месец, како што објавија медиумите, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински брифинг изјави дека неморално е тој да му биде советник на вицепремиерот.

Во меѓувреме, Касапи на Инстаграм објави дека се наоѓа во Тирана, со цел да покаже дека не е во затвор.

Поврзани новости