Груби: Џафери ќе го побара мандатот од Иванов, нова влада мора да има

by Фокус

Новиот претседател на парламентот Талат Џафери ќе го побара мандатот за состав на новата влада од претседателот Ѓорге Иванов, изјави денеска пред парламентот пратеникот од ДУИ Артан Груби.

-Се надеваме дека новата опозиција ќе се вразуми. Нова влада ќе се формира и таканаречениот претседател Иванов мора да делува согласно волјата на мнозинството од кое се формираат сите институции. Се надевам никој нема да врши опструкции и да прави кривично дело – рече Груби.

Тој информираше дека Џафери се обратил до генералниот секретар на парламентот, кој побарал прво одлуката за избор за нов спикер да биде објавена во Сужбен весник, за да му овозможи целосни услови за работа.

Поврзани новости