Груби: Бугарија нема поддршка во ЕУ

by fokus

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, вели дека ставот на Бугарија кон земјава е подеднакво радикален како и ставот на Грција во изминативе години. Сепак, нагласува тој, може да се очекува решение.

-Порадикална ли е позицијата на Бугарија од позицијата на Грција која беше 20 години меч на нашиот врат? Не, ние тоа го решивме. Денеска Македонија е силна држава, игра на европско првенство, членка на НАТО, со добиено зелено светло за членство во ЕУ – рече Груби на ТВ 24.

Според него, проблемот е апсурден. Тој напоменува дека не може овој спор да се решава со методологија од 18 век.

-Јас неколку пати повторувам дека мене ми е апсурдно тоа барање и дека не може да се решаваат спорови во 2021 година со методологија од 18,19 век. Бугарската позиција нема никаква солидаризација ниту од Брисел, ниту од Берлин, ниту од било кој друг главен град од земјите членки на ЕУ – порача Груби.

Тој додаде дека доколку земјава не добие датум на јунскиот Самит, со новата бугарска Влада која треба да се избере во август месец ќе следуваат сериозни преговори.

Поврзани новости