Груби: Ако не разбираат албански, нека научат

by fokus

 

ДУИ ќе инсистира на воведување двојазичност на цела територија на земјата. Артан Груби носител на првата изборна единица, денеска изјави дека неговата партија ќе предложи посебен закон за употреба на албанскиот јазик во новиот парламентарен состав.

На прашањето, како би се спровела двојазичноста, Груби вели:

-Тоа значи – тие што не го разбираат јазикот, како вие, во овој случај, треба да го научат. Неподготвеноста на СДСМ, претходно и на ВМРО денес да го испочитуваат Уставот и да го почитуваат Законот во однос на постигнување на еднаквост за употребата на албанскиот јазик, не донесе во ситуација каде што мора да усвоиме сеопфатен „лекс генераликс“ коишто ќе ги регулира сите отворени прашања- рече Груби.

Поврзани новости