Грците остануваат во карантин до 7 декември

by Fokus

Постоечките рестриктивни мерки за заштита од корона вирусот се продолжуваат до понеделник 7 декември во шест часот наутро, соопшти портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според тоа, карантинот во Грција, наместо на 30 ноември, ќе заврши една седмица подоцна, а Пецас објасни дека оваа одлука на Владата се наметнува поради епидемиолошката слика во земјата.

– Постојат некои први знаци за намалување на бројот на случаите. Доколку продолжи ова темпо, тогаш притисокот врз националниот здравствен систем ќе почне да се намалува. Тогаш, ќе можеме да планираме постепено враќање во некаква нормалност. Засега, постоечките рестриктивни мерки за заштита од корона вирусот се продолжуваат до понеделник 7 декември во шест часот наутро, рече Пецас.

Поврзани новости