Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите

by Fokus 09:59
09:59

Грција вчера испрати во Франција два авиони од типот Канадер (Canadair CL-415) за да помогнат во гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Авионите беа испратени откако француските власти преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU побараа помош за справување со големите шумски пожари, особено во југозападниот и југоисточниот дел на земјата.

-Од првиот момент кога беше активирано барањето, по наредба на министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Христос Стилијанидес, Грција ги стави на располагање двата авиони, кои веќе пристигнаа во Франција, соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.

Ова е втор пат годинава Грција да испрати помош за Франција во справувањето со шумските пожари.

Помош на Франција веќе ѝ понудиле Шведска, Полска, Германија, Романија и Австрија.

Поврзани новости