Грција ни даде само еден поен, а ние на нив ниту еден

by fokus

Разочарувачки или не грчкото жири и даде само еден поен на Тамара, претставничката на Македонија на синоќешното финале во Евровизија. Можеби македонската јавност очекуваше повеќе од својот јужен сосед, по потпишувањето на Договорот од Преспа, па тој еден поен е широко коментиран денеска на социјалните мрежи.

Ова не е прв пат Грција да ни даде поени. Лани оваа зема даде три поени за „Ај кју“ кои не успеаја да влезат во финалето.

Иако од Грција добивме поен, ние не дадовме ниту еден за гркинката Катерина Дуска, која настапи со песната „Better love“.

Втората земја која се критикува поради слабата поддршка за Македонија е Словенија, која за Тамара даде два поени под жирото. Сепак од публиката на Словенија добивме 12 поени.

Еве како Македонија гласаше во финалето на Евровизија.

 

Поврзани новости