Грција нема да ги екстрадира Грујевски и Бошкоски

by fokus 12:37
12:37

Грчкиот Врховен суд предмалку го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат одлободени од затвор, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisements -

Сепак според грчките закони, последниот збор за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски ја има грчкиот министер за правда кој со негова лична одлука може да реши дали двајцата ќе бидат екстрадирани од Грција.

Како поранешни началници во МВР, обвинети во случајот на СЈО „Тврдина“, Грујевски и Бошкоски илегално ја напуштиле Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија.

Поврзани новости