Грција испраќа демарш до Турција

by fokus

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, утрово дал упатства до грчката амбасада во Анкара да достави демарш до турското МНР за издадената навигациска информација Navtex за сеизмички истражувања, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Турскиот брод „Оруч Рејс“, според АНА-МПА, вечерва навлегол во најисточниот дел на грчкиот контенинтален гребен, но без да започне со истражувањата, иако веќе ги спуштил потребните кабли.

Според истите информации, во конкретната морска област се наоѓаат бродови на грчката воена морнарица кои на секои 15 минути испраќаат порака дека бродот се наоѓа во грчкиот континентален гребен.

„Оруч рејс“ го придружуваат бродови на турската воена морнарица, а Турција смета дека бродот се наоѓа во нејзиниот континентален гребен.

Шефот на грчкатадипломатија имаше телефонски разговор со неговиот германски колега Хајко Мас, а како што напиша Дендиас на „Твитер“, во фокусот биле „турските провокативни активности во Источниот Медитеран“.

Поврзани новости