Грција и Бугарија делат лекции за демократија

by fokus

Грција и Бугарија изразуваат загриженост за случувањата во регионот и бараат Балканот да покаже демократски вредности и да го напушти стариот националистички менталитет.

Преку заедничка декларација двете земји ги усогласија своите ставоти за надворешната политика и европската земја на западен Балкан.  Тие порачаа дека останатите Балкански држави мора да се фокусираат на демократските вредности ако сакаат да бидат дел од ЕУ.

Двете земји на Македонија од заедничката владина седница и порачаа дека процесот за членство во ЕУ зависи од тоа колку државата се придржува до критериумите за владеење на правото и  демократскиот дијалог.

„Брзината на пристапниот процес зависи од принципот на „сопствени заслуги“ и од потребните реформи кои треба да продолжат да се спроведуваат преку зрел и сеопфатен демократски дијалог на целото општество, за да се осигура и стабилност и демократско владеење, наместо да мора да се избира една од овие работи.“, се вели во декларацијата.

Бугарската и грчката влада испратија и јасна порака дека ја осудуваат националистичката реторикаи однесувње и бараат балкансите држави брзо да го променат тоа доколку сакаат да бидат дел од европското семејство.

Поврзани новости