Грција го избра новиот претседател

by Фокус

Шеесет и четири годишниот Прокопис Павлополус е новиот претседател на Грција.

Грчкиот парламент го избра новиот претседател со 233 гласови во триста членото собрание. Со ова заврши и расправијата за кој да биде нов претседател, што воедно ги поттикна предвремените избори во Грција минатиот месец.

Новиот грчки претседател е професор по уставно право и доби поддршка од новата левичарски настроена влада.

Павлополус е поранешен министер за внатрешни работи. Оваа одлука на грчките парламентарци е на општа вчудоневиденост, затоа што според грчките медиуми, конзервативецот Димитри Аврамополус се гледаше како нов грчки претседал затоа што е член на Европската комисија и би можел од поблиску да го презентира грчкиот план за нов договор со кредиторите.

Изборот на новиот претседател во Грција се случува во момент кога државата се бори со кредиторите да ги смени условите за враќање на парите.

Поврзани новости