Гром втор пат за пет дена удира во далековод, дел од Кисела Вода повторно без струја

by fokus

Дел од општина Кисела Вода повторо остана без струја откако при невремето гром удрил во далековод.

Од ЕВН велат дека екипите веднаш по пријавата излегле на терен, но не се знае кога корисниците повторно ќе имаат струја и препорачуваат да се исклучат апаратите за домаќинство.

Ова е втор пат истиот далековод да го удри гром и жителите да останат без струја. Корисниците останаа без електрична енергија и во саботата, кога гром го погодил истиот далековод.

А.Т.

 

Поврзани новости