Поради дефект во далековод повеќе од два часа нема струја во дел од Кисела Вода. Од ЕВН немаат инофмрација кога ќе се санира дефектот.
Како што велат граѓаните од Кисела Вода дефектот бил предизвикан од гром кој удрил во далековод.
Од ЕВН препорачуваат граѓаните да ги исклучат апаратите за домаќинство, поради тоа што не се знае кога ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија.
А.Т.