Гром удри во автобус со патници во Грција

by fokus

Гром удри во меѓуградски автобус во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандруполис.

Автобусот, во кој се наоѓале двајца возачи и 12 патници, патувал на релација од Александруполис до Орестијада.

Громот удрил во автобусот кога тој се наоѓал на 21 километар од Александропулос, по што возилото се запалило.

При инцидентот нема жртви, бидејќи сите присутни во автѕобусот веднаш го напуштиле возилото.

Во гаснењето на огнот учествувале 18 пожарникари со шест противпожарни возила.

Поврзани новости