Гром повреди и преплаши 13 граѓани на плажа во Охрид

by fokus

Денеска околу 15 часот,  удрил гром на плажа во Охрид, при што има повредени, а повеќе граѓани претрпеле шок. Според информациите, громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близна на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Како што информира СВР Охрид, на последици се пожалиле 13 лица. Четворица се здобиле со изгореници на долните и горни екстремитети, а останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.

Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на брза помош, а дел се јавиле на лекар самостоjно. Повредените се од различни градови од земјава.

Во Охридскиот регион и денеска имаше краткотрајно невреме проследено со врнежи од дожд, град, ветар и електрични празнења.

Поврзани новости