ГРОМ до Мицкоски: Кажете за фарсата дека Алијанса наместо вас ќе го гласаат францускиот предлог

by Fokus

„Маските паднаа, утрово лидерот на ВМРО ДПМНЕ јавно се огласи до власта дека, -цитираме: Ова ќе ви помине (се мисли на францускиот предлог), реагираа од ГРОМ.

Од таму тврдат дека пред само една недела предупредувале дека формирањето работни групи кои наводно ќе работат на подобрување на текстот од преговарачката рамка е само фарса со која лидерот на опозицијата во однапред планирано сценарио, заедно со СДСМ се договорени како да го амортизираат гневот на народот.

„Затоа уште еднаш го прашуваме Господинот Мицкоски, кажете ѝ на јавноста за вашата фарса со работната група колку пати се состана и какво подобрување во текстот направи?

Ќе ѝ соопштите ли на јавноста за вашата фарса за наводното раскинување на коалицијата со Алијанса за Албанците.

Ќе им кажете ли на Македонците дека се договоривте со Зијадин Села дека место вас пратениците од Алијанса ќе го гласаат францускиот предлог а вие демек ќе протестирате пред Собрание и Владата на Република Македонија“, се наведува во реакцијата на ГРОМ.

Поврзани новости