437
Масовна гробница од 11 луѓе беше пронајдена источно од главниот град Сан Салвадор, соопшти јавниот обвинител Раул Мелара. За лицата се вели дека се изчезнати од 2017 и 2018 година.
За сторител на случајот се смета бандата МС-13, од која полицијата притвори 128 членови.
Во изминатата година, во Ел Салвадор за изчезнати биле пријавени 3.000 лица. Претседателот Најиб Букеле вети дека во текот на неговиот мандат ќе ги уништи насилните младински банди, во кои припаѓаат 70.000 членови. Ел Салвадор има една од највисоките стапки на убиства во светот.
Генерално Централна Америка се смета за еден од најнасилните региони во светот. Жителите на државите спасот од насилството и сиромаштијата го бараат со иселувањето во САД преку Мексико.