Грѓанскиот суд ги одбива тужбите на новинарите против државата за „27 април“

by fokus

Граѓанскиот суд ги одбива тужбите на новинарите против државата, кои на 27 април, односно на „Крвавиот четврток“ во Собранието, беа спречени да си ја вршат работата.

Ваквата информација на фејсбук ја сподели новинарката Душица Мрѓа, која освен што беше попречена во својата работа, беше и физички нападната.

„Денеска Скопскиот Основен суд 2 ја одби мојата тужба против државата поради загрозената безбедност и загрозената слобода на информирање, (двете Уставно загарантирани права) на „крвавиот четврток“.
Образложението ќе го добијам во писмената пресуда.

Откако власта не го исполни едно од најголемите ветувања „правда за сите за 27 април“ и амнестираше кого стигна, дел со закон, дел со сведочења, судот не виде нарушување на моите човечки и новинарски права на крвавиот четврток.

Јас на 27 април добив ќотек, бев повредена, омаловажувана, навредувана, спречена да си ја работам работата, но јас на 27 април ја искористив секоја можна прилика да известувам во живо за хаосот во Собранието. Затао што јас сум пред се’ новинар, а потоа дури човек чиј живот беше во опасност.

Јас и моите колеги кои завршивме и самите со повреди, спречивме крвавиот четврток да заврши уште покрваво, со жртви.
Јас ниту простувам, ниту заборавам, уште помалку се откажувам.
Јас мојата правда за „крвавиот четврток ќе ја добијам, ако не тука, тогаш во судските инстанци во Eвропа и светот што ги почитуваат и човечките и новинарските права.
Срамот е на оваа држава!“, напиша Мрѓа на фејсбук.

Поврзани новости