Грчките медиуми од синоќа јавуваат за потерницата по Груевски

by fokus

„ПЈРМ: Се бара Н. Груевски – потерница за поранешниот премиер“; „Потерница за Груевски во ПЈРМ“; „Исчезнат“ поранешниот премиер на Скопје“; „Никола Груевски недостапен за органите на прогонот“; „Потерница по Никола Груевски“, се дел од насловите во електронските изданија на грчките медиуими за издадената национална потерница за пораншениот македонски премиер Никола Груевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Речиси сите онлајн медиуми во Грција ја пренесоа веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Недостапен за органите на прогонот во ПЈРМ беше до раните утрински часови, поранешниот премиер на земјата Никола Груевски, за кого полицијата издаде потерница за издржување на двегодишна казна затвор, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од текстот.

Дел од грчките медиуми, веста за издадената потерница за поранешниот македонски премиер ја објавија и во синоќешните централни изданија на вестите.

Грчките медиуми потсетуваат дека Никола Груевски беше 10 години премиер, а 14 години лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости