Грчките медиуми му забележуваат на Бутарис што ја нарече Македонија со уставното име

by fokus

Грчките медиуми му забележуваат на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, што за време на неговата вчерашна посета во Скопје, ја нарекол Македонија со нејзиното уставно име.

„Зборувајќи на англиски на прес конференцијата по средбата со премиерот, Зоран Заев, Бутарис предложи следната средба на премиерите на Грција и Македонија да се одржи во Солун“, пишуваат медиумите.

Потсетуваат дека Бутарис и за време на минатогодишната посета го употребил името Македонија во интервју за телевизиска станица.

Бутарис вчера престојуваше во Скопје во рамки на обидите за имплементирање мерки на доверба меѓу двете земји и при тоа оствари средби со премиерот, претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Поврзани новости