Грчки владини извори: Преговараме со два јасни услови, меѓу кои и промена на уставото име на соседот

by Fokus

Сложено име за севкупна употреба, а со тоа и промена на уставното име се предуслови за наша поддршка за соседот во НАТО и ЕУ, велат грчки владини извори, демантирајќи ги информациите објавени во денешото издание на весникот „Естиа“ под наслов „ПЈРМ слободно во НАТО со клаузула за меѓународна оговорност, јави дописничката на МИА од Атина.

– Денешната влада преговара за името на ПЈРМ со единствен критерум,  националниот интерес и со поставени два јасни услови за да ја обезбеди националната линија. Сложено име и севкупна употреба. Тоа значи промена на уставното име на соседот како предуслов за наша поддршка во ЕУ и НАТО. Според тоа, она што е наведено како толкување во денешниот текст во весникот „Естиа“, не одговара на реалноста, велат грчки владини извори.

Весникот „Естиа“, пишува дека меѓународниот договор што ќе го потпишат двете страни нема да води до решение во однос на ерга омнес, а  ќе содржи клаузула за меѓународна одговорност, односно санкции, нешто што би било гаранција за грчката влада.

– Клаузула што може по неколку години да доведе до поништување на грчко-скопскиот меѓународен договор, но не и отповикување на интеграцијата на Скопје во меѓународните организации, пишува весникот и повикувајќи се на врвни експерти, додава дека „ако Скопје се интегрира во НАТО, но го прекрши договорот и не го промени уставното име во внатрешноста, ќе биде подложено на санкции (меѓународна одговорност), но нема да има влијание на позицијата во ЕУ и НАТО, па дури и да има претпристапен статус“.

Поврзани новости