Грчки државјани излетале со возило од Северна обиколница

by Fokus

Грчки државјани доживеале сообраќајна несреќа на автопатот Северна обиколница кај Скопје, информираат од МВР.

Според полицијата, патничко возило „нисан кашкаи“ со грчка национална ознака, управувано од И.Н.(64) од Република Грција, изгубило контрола и излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Н. и сопатничката М.К.(64) од Република Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.

Поврзани новости