Грчката влада: ПЦР тест не смее да чини над 60 евра, профитерите ќе се казнуваат со 5.000 евра казна

by fokus 13:30
13:30

Одлуката на грчката Влада за воведување плафон, односно ограничување на цените на тестовите за Ковид-19, со цел да се спречи профитерство, стапува во сила, а цените не смеат да бидат над 60 евра за ПЦР тест и над 20 евра за брз тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако пред десет дена беше најавено дека молекуларниот тест ќе биде 40, а брзиот 10 евра, сепак на овие цени се додаваат плус 20 односно 10 евра за медицинската услуга, односно за земањето брис, а не е вклучен и данокот на додадена вредност (ДДВ).

- Advertisements -

Според одлуката потпишана од министерот за развој и инвестиции на Грција, а објавена во Службен весник, за ПЦР тестовите, највисоката цена е 40 евра, плус најмногу 20 евра за земање примерок за анализа, а за брзите тестови, цената не смее да биде над 10 евра и уште 10 да здравствената услуга.

Паралелно, предвидени се и парични казни во висина од 5.000 евра за оние кои нема да ја почитуваат конкретната одлука.

Поврзани новости