Грчката црква бара свештениците да останат државни службеници

by fokus

Грчката православна црква соопшти дека сака свештениците да останат државни службеници откако одби некои од владините предлози за промена на платниот систем за црковните власти.

Светиот синод на црквата денеска соопшти дека дека гласал едногласно „да го задржи сегашниот систем на плаќање за свештенството и вработените во Грчката црква“.

Претходно, премиерот Алексис Ципрас ја повика црквата да поддржи серија владини предлози за реформи, чија цел е решавање на децениските имотни спорови и префрлање на платите на свештениците во посебна државна финансиска ставка.

Поврзани новости