Грчева и Буралиева се зачленија во собраниските комисии

by Фокус

Солза Грчева и Љубица Буралиева, кои не ја почитуваа одлуката пратениците избрани од листите на опозоцискиот сојуз предводен од СДСМ да ги вратат пратеничките мандати, ќе членуваат во неколку собраниски комисии.

Грчева ќе биде член на комисиите за европски прашања и за образование, наука и спорт, како и заменик-член во комисиите за надворешна политика и за труд и социјална политика.

Буралиева, пак, ќе членува во комисиите за култура и за локална самоуправа и ќе биде заменик-член во комисиите за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Поврзани новости