Грашкоска: Ќе се провери дали функционерите на ДУИ ги прекршиле протоколите

by Fokus

Прославата на роденденот без маски на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, предизвика низа реакции кај јавноста во Македонија. Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска одговори дека сите инспекторати постапуваат неселективно и вети дека така ќе биде и за овој случај.

„Надлежната инспекција ќе ги провери наводите дали има одредени прекршувања на протоколите и благовремено дополнително ќе бидете известени за сето она што е констатирано од нивна страна”, рече Грашковска.

Поврзани новости