Граничниот премин Меџитлија и денеска затворен

by Фокус

Граничкиот премин кон Грција, Меџитлија, и денеска ќе биде затворен поради штрајкот на грчките земјоделци. Сообраќајот за влез и излез од Македонија ќе биде во прекин во два интервали: од  11 до 13 часот и од 17 до 20 часот, информираат од  Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани и застои, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките и осојничавите места.

Поврзани новости